Ќерката на Садам Хусеин се најде на листа на најбарани криминалци

од desk4

60 лица се на листата на најбарани ирачки криминалци. Меѓу нив е и големата ќерка на поранешниот претседател Садам Хусеин Рагад, којa е во Јордан, објави телевизискиот канал Ал-Сумарија.

На списокот фигурираат имињата и на 28 теренски команданти на терористичката група “Исламска држава”, 12 главатари на “Ал Каеда” и функционери на Партијата на арапскa социјалистичка преродба Баас, распуштена во 2003 година по соборувањето на Садам.

Лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, не е на листата на ирачки власти. Во моментов, неговото место на живеење е непознато. Сите луѓе на листата го напуштија Ирак. Прашањето за нивно предавање ќе биде решено од Интерпол.

Слични содржини