Ќерката на шефот на Валенсија ги налути фановите: Можеме да правиме што сакаме со клубот

од Vladimir Zorba

Ситуацијата во Валенсија е прилично хаотична, погубна како за фудбалерите, така и за навивачите, кои сега треба да го слушаат и безобразлукот на ќерката на сопственикот на клубот, Питер Лим – Ким.

Дури и таа се јави, одговарајќи на фановите на сè погласните критики упатени кон нејзиниот татко во однос на раководењето.

– Ајде повторно. Некои навивачи на Валенсија го навредуваат и проколнуваат моето семејство и мене. Како не можат да разберат? Клубот е наш и ние можеме да правиме со него што сакаме и никој не може да ни каже ништо, се вели во пораката на Ким до фановите, но таа брзо ја избриша од својот профил на Инстаграм.

Слични содржини