Анастасија Ражнатовиќ деновиве е во Скопје, каде во студиото на Дарко Димитров работи на нејзиниот прв албум, кој е најавен да излезе наскоро.
На албумот ќе се најдат нејзините два хита „Ране“ и „Савршени пар“, но и уште неколку нови песни, кои се авторски дела на познатиот композитор,
Анастасија, покрај што работи, таа и ужива во Скопје и се запознава со градот. Албумот, според најавите ќе излезе на почетокот на 2020-та година.
Со Димитров претходно снимаше и Луна Џогани, која е ќерка на поранешниот музички пар, Фанки Џи. Таа во студиото на Димитров ја сними песната „9 круг“.
Претходно, Цеца изјави дека ќерка ѝ Анастасија не настапува во живо и не закажува концерти, бидејќи е подобро да сними свои песни и да настапува со нив, наместо само со две и со хитовите на мајка си.