Керон Батлер стави крај на кариерата

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Шампионот на НБА од 2011 година, Керон Батлер го објави своето пензионирање од професионална кошарка.

37-годишниот го ветеран крена трофејот „Лери О’Брајан“ како играч на Далас Маверикс, а освен тоа играше уште во тимовите на Мајами Хит, Лос Анџелес Лејкерс, Вашингтон Визардс, Лос Анџелес Клиперс, Милвоки, Оклахома Сити Тандер, Детроит Пистонс и Сакраменто Кингс.

„Беше неверојатно. Вистински благослов. Но, на сè му доаѓа крајот, па дури и на добрите работи. Денес се откажувам од НБА“, напиша Батлер за „The Players ‘Tribune“, користејќи го популарниот сајт како платформа за официјалната повлекување.

Батлер има вкупно 881 натпревар со просечни индикатори од 14,1 поен, 5,0 скокови и 2,3 асистенции и две Ол Стар учества во 2007 и 2008 година. Во 2002 година, тој беше избран за „Ограч на годината“ во колеџ конференцијата „Big East“, играјќи за тимот на Конектикат.

Слични содржини