Кети Пери завиена во црно три дена откако ја објави бременоста

394 прегледи

Само три дена откако објави дека е бремена, пејачката Кети Пери сподели тажна вест. Нејзината баба Ен Прл починала во 99 година од животот.

Кети со баба си имала многу посебен однос и била многу поврзана за неа. Веста за нејзината смрт ја споделила преку социјалните мрежи, а ѝ го посветила својот настап во Мелбурн.

„Ова е за Баба. Почивај во мир“, напишала на Твитер, веднаш по настапот. Овој настап, воедно, ѝ бил и прв настап откако објави дека е бремена со актерот Орландо Блум.

„Не знам дали постои такво нешто, но замислувам како душите од овој свет заминуваат и добиваат бакнеж во челото од мојата баба. Се надевам дека е така. Ен Прл Хадсон беше борец. Ја преживеа Големата криза, одгледа три деца работејќи како кројачка. Секогаш беше своја и секогаш ќе ја носам во себе. Кога го гледате мојот хумор, тоа е Ен. Кога мислите дека сум оригинална, тоа е Ен. Кога сум тврдоглава, борбена и со стил, тоа е Ен. Сакам секој кој ќе дојде на небо, како и јас, да го бакне во чело и да у каже дека се ќе биде во ред. И ќе биде во ред бидејќи сега сите во рајот имаат ангел кој ќе ги чува“, напишала Кети во емотивната објава.

https://www.instagram.com/p/B9gvRTNnP2H/?utm_source=ig_embed

Бабата на Кети стекна обожаватели откако се појави во филмот Part of Me кој ја следел Кети на нејзините концерти. Таа била претпознатлива по својата смисла за хумот и саркастичните одговори.

Слични содржини