Наскоро би можеле да бидат поставени нови температурни рекорди, а целата ситуација дополнително ја подгреа 53-годишната велшка актерка Кетрин Зета-Џонс, која уште еднаш го искористи својот профил на Инстаграм за да им се пофали на своите фанови од целиот свет дека е уште во топ форма.
Убавата Кетрин објави фотографија направена многу веројатно во нивниот дом на Бахамите, каде таа и Мајкл Даглас живееја неколку години со синот Дилан и ќерката Керис, а она што може да се види на истата фотографија е базен со лежалки и чадори, како и палми веднаш надвор од оградниот простор.
Сепак, она што особено „паѓа во очи“ се нејзините нозе кои всушност се во преден план. Тие се, според многумина, нејзиниот најголем адут.
Своите добро дефинирани, витки нозе ги изложи на сонце за да добијат боја, а потоа на сите им посочи по еден детал.
Над фотографијата напишала: „Две пеги на бутовите кои ги имам цел живот“.
Инаку, Кетрин Зета-Џонс многумина ја сметаат за една од најубавите актерки во светот, на чиј изглед можат да и позавидат колегите од половина нејзина возраст.