Кевин де Бруин е нов играч на Наполи

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Легендарниот белгиски фудбалер Кевин де Бруин е нов играч на Наполи, објави Фабрицио Романо со неговата позната фраза „Почнуваме!“.

По неколку недели преговори, Де Бруин конечно се согласи на понудата на Наполи и беше договорена соработка за две сезони со можност за продолжување за уште една.

Де Бруин, кој ќе наполни 34 години на крајот од овој месец, треба само да помине лекарски преглед пред официјално да биде претставен како нов играч на италијанскиот шампион.

Според најавите на италијанските медиуми, Де Бруин ќе заработува 5,5 милиони евра годишно во Наполи, а ќе добива 10 милиони евра само за потпишување на договорот.

Слични содржини