340
Денеска во Лондон ќе започне судењето на двократниот оскаровец, актерот Кевин Спејси под обвинение дека пред две децении сексуално нападнал четворица мажи.
Спејси (63) се изјасни за невин по десетина точки од обвинението, вклучително и сексуален напад, непристоен напад и поттикнување на лице на сексуална активност без согласност, пренесува АП.
Доколку биде прогласен за виновен, славниот актер може да биде осуден на повеќе години затвор.