Кевин Спејси се забавува во Загреб со хитовите на Северина

од Nikola Popovski

Американскиот актер Кевин Спејси моментално е во Загреб, а тамошните медиуми пренесуваат дека уживал во музиката на Северина Вучковиќ.

Спејси е во Загреб поради преговори за снимање филм за животот на Фрањо Туѓман, а наводно е предодреден за главната улога.

Станува збор за филм кој ќе го режира хрватскиот режисер Јаков Седлар, кој потврдил дека се водат преговори со холивудскиот актер.

Очигледно е дека нашле време да се забавуваат, па Спејси се нашол во еден загрепски ноќен клуб и таму ја дочекал Новата година.

Актерот цела вечер бил многу расположен, па со своето друштво ги одбројувал последните минути од 2021 година, а потоа танцувал на песната „Италијана“ од Северина, пренесува хрватски „Јутарњи“.

Слични содржини