КФОР: Ги следиме настаните на Косово, во контакт сме со претставниците на Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Мировната мисија на ОН предводена од НАТО на Косово (КФОР) соопшти дека внимателно ги следи настаните на северот на покраината и додаде дека е во близок контакт со претставниците на Приштина и српските сили, пренесува „Репортери“.

Според „Репортери“, од КФОР не одговориле дали ќе учествуваат во отстранувањето на барикадите на северот.

„КФОР останува исклучително буден и целосно способен да го спроведе својот мандат на ОН за обезбедување безбедна средина и слобода на движење за сите заедници кои живеат на Косово. Тоа вклучува зголемување на патролите на северот на Косово, во тесна соработка со косовската полиција и ЕУЛЕКС“, се наведува во соопштението.

Слични содржини