КФОР го анализира барањето на Белград за враќање на српските сили на Косово

од Radmila Tasevska
143 прегледи

КФОР денес објави дека „во моментов го анализира неодамнешното барање на Србија“ за враќање на до 1.000 припадници на нејзините сили на Косово и дека мисијата на НАТО во покраината ќе продолжи да обезбедува безбедна и сигурна средина и слобода на движење.

Како што се наведува во соопштението, КФОР неодамна „го зголеми присуството на војници во Јариње од превентивни безбедносни причини“, што се покажа како „исклучително успешна активност, најмногу благодарение на продуктивната соработка на КФОР со Владата на Црна Гора, началникот на Генералштабот на Србија, институциите на Косово и мисијата на ЕУЛЕКС.

„Беше неопходно да се зголеми присуството на војници, имајќи ги предвид неодамнешните извештаи за наводно можно присуство на организирани криминални групи во рамките на демонстрациите“, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на КФОР.

Слични содржини