197
КФОР денеска соопшти дека присуството на таа мисија продолжува на северот на Косово и дека засега нема факти кои би можеле да предизвикаат загриженост.
Оттаму додадоа дека е неопходно да се избегнат еднострани дејствија и иницијативи кои би можеле да доведат до ескалација на насилството, пренесе „Газета експрес“.
Командантот на КФОР останува во близок контакт со сите главни соговорници, вклучително и претставници на привремените институции во Приштина, безбедносните организации и Генералштабот на српските вооружени сили, нагласи КФОР.