КФОР постави бодликава жица и барикада на Јариње

од Nikola Popovski
169 прегледи

Припадниците на КФОР поставија барикада од косовска страна на административниот премин Јариње. Барикадата најверојатно била поставена во текот на утрото.

Поставена е жичана ограда и неколку теренски возила со ознаки КФОР. Денеска на административниот премин се очекува да се одржи собир под мотото „Збор на Јариње, никогаш граница“ во организација на српски патриоти од Србија, Црна Гора и Република Српска, јавува репортерот на РТС.

Забележлив е и големиот број полициски сили кои ќе го обезбедуваат собирот.

Се додава дека меѓу 150 и 200 луѓе кои пристигнале од Србија, Црна Гора и Република Српска на најавениот митинг се собрале во близина на преминот од страната на централна Србија и биле на околу 150 метри од преминот.

Фото: Kosovo Online

Слични содржини