Рано утринава припадниците на КФОР ја презедоа контролата врз главната раскрсница на влезот во градот Звечан, како и неколку други раскрсници во самиот град.
Тоа беше направено во согласност со договорот со Српска листа, која бараше од КФОР да се распореди на местата каде што беа припадниците на косовската полиција.
Исто така, дополнителни сили на КФОР се распоредени на влезот во Звечан од правец на Косовска Митровица.