135
Во овој момент, важно е сите страни да се воздржат од провокативни мерки и да бараат понатамошни решенија преку дијалог, тоа е клучно за долгорочната безбедност на Косово и за стабилноста во регионот, велат претставници на КФОР.
Во изјавата за Европски Западен Балкан, се вели дека командантот на КФОР одржува блиски контакти со неговите главни соговорници, меѓу кои се претставници на приштинските институции и косовските безбедносни организации, Генералштабот на војската на Србија и земјите кои учествуваат во КФОР.
КФОР ја обезбедува безбедносната рамка неопходна за продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ, рекоа нивните претставници.