Кичеец еден од учесниците во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

од Берта Китинска
391 прегледи

Еден од учесниците во сообраќајката кај Стража е и Зоран Милески-Кичеец, правосилно осуден во случајот „Рекет“, дознава неофицијално „Локално“.

-Околу 15,30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, се пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид. Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки, информираа од МВР.

 

Слични содржини