Кичеец преместен во полуотвореното одделение во затворот во Струга

од Берта Китинска
296 прегледи

Управата ја извршување на санкции ја информира јавноста дека осуденото лице Зоран Милески – Кичеец е преместено од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга.

-Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија.Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески. Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи, велат од Управата.

Слични содржини