Кичевски: Ако не се усвојат уставните измени Македонија ќе остане изолирана, а економскиот просперитет ќе се наруши

од Vladimir Zorba
383 прегледи

Балканот треба да влезе во ЕУ и ние како држава треба да го продолжиме патот по кој сме тргнале, порача функционерот на СДСМ, Васко Кичевски во гостувањето во Канал 5 телевизија.

-Со зачленувањето во НАТО се гарантираше територијалниот интегритет и сега говориме за економски просперитет, а не говориме за прелевање на лошите сцени од Косово… Ова дополнително треба да се надгради со зачленувањето во Европската Унија. Од овој пат назад нема, рече Кичевски.

Тој кажа дека доколку не се изгласаат уставните измени државата ќе биде изолирана.

-Еднаш го гледавме сценариото. Во 2008-мата година беше НАТО самитот во Букурешт, после она „не“ на Груевски за името, десет години подоцна видовме полошо решение. Македонија и за внатрешна употреба го смени името, а таков процес ни следува ако повторно кажеме „не“ и чекаме надвор од процесот на евроинтеграциите, рече Кичевски.

Според него целата геополитичка ситуација е различна од порано и Македонија ќе остане изолирана, а економскиот просперитет ќе се наруши доколку не се продолжи на евроинтегративниот пат.

Слични содржини