Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР), до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.З. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место виш полицаец, помошник-дежурен во Полициската станица Кичево, на 4 август годинава во просториите на станицата Кичево физички нападнал повикано лице, во период кога бил на своето работно место.
Имено, Д.З. неовластено употребил сила, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.