Кичевските бизнисмени на средба со претсавници на Делегацијата на ЕУ за искористувањето на парите од фондовите

од desk4
131 прегледи

   Бизнис заедницата од Кичево синоќа оствари средба со претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје на која стана збор за користењето на парите од европските фондови.

Никола Бертолини, раководител на Единицата за планирање истакна дека е потребно да се следи состојбата во приватниот сектор, проблемите со кои се соочуваат компаниите при искористувањето на европските програми, со цел поголема искористеност и приближување на можностите за поддршка на компаните од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје преку фондовите на инструментот за предпристапна помош.

Претставниците на бизнис секторот ги изнесоа своите согледувањата за користење на предпристапните програмите од ЕУ и посочија на малата искористеност во регионот, која се должи на несоодветно квалификуван кадар и големата централизација.

При тоа посочија и неколку проблеми кои се заедничи за целиот бизнис серктор како што се немање доволно работна сила поради големото иселување, а истакнаа и дека е потребна и подршка за стимулирање, обуки, практикантство, подобрување на недооформената локална индустриска зона, односно инфраструктурата, подобрување на несооодветните тендерски услови каде компаниите кои се мали по обем не можат да учествуваат.

Претседателот на Регионалната коморa со седиште во Кичево Игор Соколески потенцираше дека регионалното делување е значаен сегмент за развојот на стопанството, како и соработката на компаниите во насока на подобрување на бизнис климата и дека Стопанската комора на Македонија е активно вклучена во имплементацијата и креирање на бизнис амбиент согласно Европската унија и нејзините политики и директиви.