Киднапирана сценската екипа на Хари Стајлс во Бразил во пресрет на концерт

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Сценската екипа на познатиот британски пејач Хари Стајлс била киднапирана во Бразил пред концертот кој треба да се одржи утревечер, дознава „Дејли Мејл“.

Според првите информации, луѓето биле киднапирани од локални гангстери.

Соработниците на познатиот пејач биле во камион кој ја превезувал опремата од Сао Паоло до градот Куритиба кога се случило киднапирањето.

Полицијата соопшти дека тројца мажи, од кои двајца биле вооружени, го запреле камионот и потоа го киднапирале со сета опрема и екипата внатре.

Досега не се пронајдени ниту камионот ниту соработниците на британската ѕвезда.

Пејачот не се огласи по овој повод.

Слични содржини