Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини го преплави со пофалби голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн, кој денес ќе се соочи со него во прв судир од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.
Според 33-годишниот Италијанец, Кејн е на нивото на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, откако е многу веројатно англискиот репрезентативец наскоро да премине во поголем клуб.
„Кејн веќе меѓу најелитните играчи во светот. Тој е на нивото на најдобрите – Меси, Роналдо и Нејмар. Тој е од играчите кои се незаменливи и сигурен сум дека Тотенхем ќе стори сé за да го задржи. Во моментов сепак ситуацијата е таква што дури и не можеш и да ја погодиш цената на еден играч. Има четири или пет клуба, кои ќе платат она што е потребно за да го донесат оној кој им треба. Кејн е ѕвездата на Тотенхем, но тие не се на ова ниво само поради еден играч. Тимот е силен во секоја позиција. Тие се многу организирани и играат едни за други. Ние го знаеме тоа. Треба да го дадеме најдоброто од себе и во двата натпревари, но сме подготвени за предизвикот“, изјави Киелини.