Киев бара посебни преговори за евакуација од Мариупол

од Nikola Popovski

Украина предложи специјални преговори со Русија со цел да се најде решение за евакуација на приведените украински борци и цивили од Мариупол.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак предложи одвоени разговори на Твитер. Двете земји одржаа неколку рунди разговори од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, но без голем напредок и со меѓусебни обвинувања за нивниот неуспех.

Предлогот на Подољак доаѓа во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски го чека пристигнувањето на висок американски дипломат и одбранбен функционер во Киев за да разговара за натамошната воена помош на САД.

Мариупол е еден од најпогодените градови од рускиот напад, бидејќи на Москва и е потребна контрола над него за копнениот премин меѓу Донбас, делумно под контрола на руските сили, со Крим, кој го анектираше во 2014 година.

Поголемиот дел од градот е уништен, а Киев и неговите западни сојузници стравуваат од масовни убиства на оние кои не побегнале. Во фабриката за челик Азовстал сè уште има околу 2.500 украински и странски војници, но нивните резерви се при крај. Тврдат дека со нив се околу илјада цивили.

Во ново видео, заменик-командантот на баталјонот Азов, група чии борци се наоѓаат во бункерот во Мариупол, ги обвини Русите дека немаат срце.

„Непријателот во Мариупол фрла бомби над главите на апсолутно невини деца додека го слават Велигден“, рече Свјатослав Паламар.

Слични содржини