Министерството за здравство на Украина ја повика Светската здравствена организација да прекине секаква соработка со Русија.
-Министерството исто така ги повикува другите хуманитарни агенции на Обединетите нации да ги преместат своите регионални канцеларии од Москва, се вели во соопштението.
-Во услови на брзо развивање на конфликтот во Украина, Регионалната канцеларија на СЗО за Европа ја повторува својата длабока загриженост за безбедноста, здравјето и благосостојбата на сите цивили погодени од кризата во земјата и пошироко, соопшти регионалната канцеларија за Европа и предупредува дека било каква дополнителна ескалација може да доведе до хуманитарна катастрофа, пренесува Ројтерс.
Европската канцеларија на СЗО наведува дека тесно соработува со сите партнери во ОН и брзо ја зголемува својата подготвеност да одговори на очекуваната здравствена состојба предизвикана од конфликтот и да ги обезбеди најважните здравствени услуги.