Киев: Четири земји ja запираат интеграцијата на Украина во ЕУ

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Заменикот на шефот на администрацијата на украинскиот претседател Валериј Чалиj во етерот на “Пети канал” изјавил дека некои европски држави ја одвраќаат ратификацијата на Спогодбата за асоцијација на Украина во ЕУ, објавија MigNews.

20150524.aiqxiesqjb

Според зборовите на политика, процесот на евроинтеграцијата на Украина се одолговлекува поради четири земји – Кипар, Грција, Италија и Австрија. Во врска со тоа Чалиј изразил надеж дека овие држави ќе ја забрзаат работата над Спогодбата. Токму поради оваа причина украинскиот претседател Петро Порошенко се сретнал во Рига со грчкиот премиер, со сојузниот канцелар на Австрија и постојано се одржува дијалог на високо ниво со италијанскиот премиер. На средбата во Рига на 21-22 мај Украина очекуваше да се придвижи прашањето за безвизен режим со ЕУ. Сепак ЕК уште пред тоа соопшти дека ова прашање нема да се разгледува. На прес-конференцијата по завршувањето на средбата шефот на Еврокомисијата Жан-Клод соопшти дека следниот извештај за напредокот на Украина и Грузија по патот на безвизниот режим се очекува да биде околу 15 декември