Киев ги деманира тврдењата на „Вагнер“ дека го зазела центарот на Бахмут

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак денеска ги оцени за лажни тврдењата на руската платеничка група „Вагнер“ дека го зазела центарот на Бахмут, девастираниот град во источна Украина во кој со месеци се водат жестоки борби, јави ДПА.

„Смирено реагирајте на лажните информации на оние кои замислуваат победа што не постои во реалноста“, напиша денеска Јермак на својот канал на Телеграм.

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, претходно преку видео изјави дека над зградата на градската администрација било кренато руското знаме, што значело дека тој заземен.

Руското Министерство за одбрана, меѓутоа, го потврди кажаното од Пригожин.

Стратешки важниот град во украинската област Доњецк претходно имаше околу 70.000 жители. Денеска градот е разурнат и се проценува дека во него сега живеат едвај околу 3.000 лица.

Двете завојувани страни претрпеа огромни загуби во битките околу Бахмут, забележа ДПА.

Слични содржини