Киев го обвинува дека ѝ помага на Русија, Западот смета дека е подобро решение од Зеленски: Кој е Валериј Залужни?

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Украина нема да постигне никаков напредок во својата борба против Русија доколку не се појави некоја нова технологија која ќе ѝ даде одлучувачка предност, изјави за „Економист“ минатата недела главниот воен командант на земјата, генерал Валериј Залужни.

„Исто како и во Првата светска војна, достигнавме ниво на технологија кое нè доведува во застој“, рече тој за тековниот конфликт.

Замена на Зеленски

Западот има намера да го замени Володимир Зеленски со врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни, изјави шефот на запорошкото движење „Заедно со Русија“, Владимир Рогов.

„Западот игра на картата на Залужни и го подготвува како замена за Зеленски. Затоа изјавите на Залужни се појавуваат во западниот печат, каде што тој дава јасни и точни оценки за она што се случува на првата линија, покажувајќи дека е подготвен за дијалог и ресетирање на владата по заминувањето на Зеленски“, рече Рогов.

Залужни му се препорачува на Западот како поизбалансиран политичар од „лудиот Зеленски“.

Конфликт околу офанзивата

Залужни смета дека Украина повеќе не треба да спроведува офанзивни операции и дека е подобро да се фокусира на одржување на сегашните позиции и подготовка за воени операции следната година. Од друга страна, Зеленски не го дели овој став, имајќи предвид дека доколку се запре офанзивата на вооружените сили на Украина, Западот може да дојде до заклучок дека е невозможно Киев да ги постигне своите цели со воени средства.

Во украинското раководство сега се бесни бидејќи сметаат дека Залужни, велејќи дека офанзивата треба да се прекине и дека конфликтот е во ќорсокак, им помага на Русите и шири паника меѓу западните партнери.

Расколот е близу

Се посилни се гласините дека претстои раскол во украинското раководство, Зеленски полека ја губи поддршката од Западот, неговиот рејтинг во Украина опаѓа, па не е невозможно Залужни да го наследи Зеленски на чело на државата.

Незапирливата корупција во Украина е исто така товар кој Западот повеќе не го сака на својот грб. Се верува дека парите од помошта за Украина завршуваат во џебовите на поединци, а оружјето на странските боишта, така што е сè потешко да се најде поддршка за огромната сума пари што треба да се обезбеди за да може Украина да продолжи да се спротивставува на овој конфликт.

Слични содржини