160
По повеќемесечниот процес на воспоставување инструменти за борба против корупцијата во Украина, кој се одвиваше под будното око на западните сојузници и разгледувањето на барањето на официјален Киев да му испрати дополнителна помош во борбата против руската инвазија, украинските власти денеска назначија директор на новоформираната национална антикорупциска служба и нов тим антикорупциски истражители.
Поранешниот шеф на државната инспекциска служба за архитектура и урбанизам, Семен Кривонос, е назначен за директор на новоформираното Национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) со мандат од седум години, пренесе „Ројтерс“.