„Киев ќе биде успешен“: Америка испрати силна поддршка за украинската контраофанзива

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е премногу рано да се зборува за напредокот на украинската контраофанзива, наведувајќи дека Вашингтон е уверен дека Киев ќе продолжи да биде успешен во обидите да ја врати земјата окупирана од Русија.

Блинкен на прес-конференција во Вашингтон рече дека САД се решени да ја максимизираат својата поддршка за Украина за да успее на бојното поле.

„На претстојниот самит на НАТО во Вилнус може да се очекува пакет на уште поголема политичка и практична поддршка за Украина“, посочи Блинкен.

Слични содржини