Киев: Не стоиме зад лажните извештаи за бомби во српските авиони

од Vladimir Zorba

Министерството за надворешни работи на Украина денеска ги демантираше наводите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за вмешаност на Киев во лажни закани со бомби на патнички летови за Русија.

Портпаролот на министерството Олег Николенко за „Укринформ“ изјави дека станува збор за „неосновани обвинувања“.

Тој изјави дека изјавите на Вучиќ за наводна вмешаност на Украина во заканата за бомба во авионите кои летаат од Србија за Русија се „неточни“.

Слични содржини