Украинскиот генерал Алексеј Громов денеска изјави дека нема да има прекин на огнот за време на новогодишните и божиќните празници.
„Целосен прекин на огнот ќе има само кога на нашата земја нема да има ниту еден окупатор“, рече Громов.
Тој оцени дека Русија се обидува војната во Украина да ја претвори во долгорочна воена конфронтација, како и да врши обука на нови единици на територијата на Белорусија, пренесува „Ројтерс“.