Киев: Немаме информации за големата офанзива за која зборуваат руските власти

од Stefanija Kuzmanovska
562 прегледи

Украинската армија денеска соопшти дека нема информации за големата офанзива за која руските власти соопштија дека ја започнал Киев на пет точки долж линијата на фронтот во Доњецк.

„Немаме такви информации и не коментираме лаги“, соопшти украинскиот Генералштаб, пренесе „Ројтерс“.

Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, изјави дека не им верува на руските извештаи за борбите во Украина.

Слични содржини