Киев: Почнаа преговорите за договор за безбедносни гаранции со Романија

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Украина и Романија започнаа разговори за договор за безбедносни гаранции, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Со учество на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андреј Јермак, украинската страна започна билатерални разговори со државниот секретар за стратешки прашања на романското Министерство за надворешни работи, Јулијан Фота, за билатералниот безбедносен договор“, се вели во соопштението, во кое се додава дека овие разговори ги подигнале „билатералните односи на ниво на стратешко партнерство“, пренесе ТАСС.

Според Украина, Романија е деветтата земја која започнала безбедносни преговори со таа земја.

Слични содржини