Киев: Русија и Украина можеби никогаш нема да потпишат мировен договор

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, смета дека формалниот крај на конфликтот може да се одолговлекува со децении, како што се случи со Русија и Јапонија, кои не го потпишаа мировниот договор од 1945 година поради претензиите на Токио на јужните Курилски острови.

„Во историјата има случаи кога старите војни меѓу државите не биле правно завршени. Очигледен пример се Русија и Јапонија. Овој територијален проблем (кому му припаѓаат јужните Курилски острови) е стар повеќе од 70 години. Овде исто така ова сценарио е многу веројатно“, рече Буданов.

Според него, конфликтот во Украина може да се пролонгира, без потпишување на какви било договори и правен завршеток, со тоа што нема да има интензивни борби.

Слични содржини