Во текот на ноќта Русија лансираше вкупно 46 јуришни дронови кон Украина во неколку бранови, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Според соопштението, противвоздушните системи собориле 32 дрона, пренесува „Ројтерс“.
Повеќето од дроновите кои не биле соборени биле насочени кон областите зафатени од војна во источна и западна Украина, особено во регионот Херсон, соопшти украинското воздухопловство на Телеграм.