Киев: Русија се обидува да ја врати територијата околу Бахмут, ги одбиваме нападите

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Руските сили се обидуваат да ја вратат територијата која ја изгубија околу Бахмут на истокот на Украина, но силите на Киев ги одбиваат нападите, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.

Таа рече дека Русите постигнале одредени придобивки во самиот град, но дека не го контролираат и дека борбите се уште беснеат, пренесува „Ројтерс“.

Малиар вчера изјави дека украинските трупи постигнале напредок околу Бахмут и дека армијата во последните неколку дена вратила околу 20 квадратни километри.

Слични содржини