308
Медицинска сестра и водоинсталатер загинаа денеска во руското гранатирање на болницата во Гуљајпоље во областа Запорожје, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.
Јермак напиша на Телеграм дека уште две лица се повредени во рускиот напад на болницата, пренесе „Ројтерс“.
Тој објави фотографија на која се гледа уништената зграда на болницата.