175
Украинскиот функционер Серхиј Череваџи, портпаролот на Источната група на украинската армија денеска ги отфрли тврдењата на руската страна дека селото Красна Гора кај Бахмут паднало во рацете на Русите.
„Таму се водат битки. Ги имаме работите под контрола. Бахмут сè уште е главна цел на руските напади“, рече Череваџи, пренесе „Гардијан“.
Украинскиот Генералштаб соопшти дека Русија до 18 часот по локално време истрелала два проектила и извршила 16 воздушни напади, од кои 15 од ракетни системи.