Киев: Руски ракети ја погодија Одеса, Москва ќе сноси одговорност за неуспех на договорот од Истанбул

од Nikola Popovski

Мета на руски ракети денеска беше црноморското пристаниште Одеса, соопшти украинската страна, додавајќи дека Москва ќе сноси одговорност за неуспехот на договорот за деблокирање на извозот на жито.

„Непријателот го нападна пристаништето Одеса со крстосувачки ракети „Калибр“. Два проектили се соборени од противвоздушна одбрана“, изјави портпаролот на администрацијата на Одеса, Сергеј Брачук во соопштение објавено на социјалните мрежи.

Украина го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ги „плука в лице“ Обединетите нации и Турција со бомбардирањето на Одеса и рече дека Москва ќе сноси „целосна одговорност“ за неуспехот на договорот за извоз на жито потпишан вчера во Истанбул.

Со истрелување проектил на пристаништето Одеса, Путин „плукна во лице на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кои вложија огромни напори да го постигнат овој договор“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.

Фото: Суспільне Одеса

Слични содржини