Украинските системи за противвоздушна одбрана уништија девет од 15 дронови кои Русија ги лансираше на украинска територија во текот на ноќта и две крстаречки ракети, соопшти утрово украинската армија.
Украинската војска соопшти дека дронови Шахед од иранско производство, лансирани од Русија, биле уништени во неколку региони на Украина, пренесува „Ројтерс“.
Две крстаречки проектили биле соборени над регионите Запорожје и Дњепропетровск во Украина.