Киев тврди дека ослободил четири села во регионот на Доњецк

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Додека украинските власти тврдат дека ослободиле четири села на југоистокот, нарекувајќи ги првите населени места што биле заземени од почетокот на контраофанзивата на Киев, Институтот за проучување на војната потврди дека Украина зазела „понаселени области“ долж линијата на фронтот во текот на викендот.

„Националното знаме се вее над Сторожово, во регионот Доњецк“, објавија официјални лица во понеделникот наутро.

Јуриј Сак, советник на министерот за одбрана на Украина, изјави за Би-Би-Си дека Русите имаат „долго време да ги зајакнат одбранбените линии, но Украина сега започна „извидувачки и истражни операции“ долж линијата на фронтот.

Сак додава дека „има загуби на двете страни“, но тврди дека „Русија има повеќе загуби од Украина“.

„Во последните неколку дена во акцијата загинаа од 900 до 1.000 луѓе“, тврди Сак.

Би-Би-Си не можеше да ги потврди овие тврдења.

Во источниот дел на Донбас во изминатиот ден се водеа околу 25 битки, соопшти Генералштабот на вооружените сили.

Русија претрпе значителни загуби околу Бахмут, при што повеќе од 50 ранети војници секојдневно пристигнуваат во воената болница во руската област Ровстов, се вели во извештајот.

Руските трупи беа неуспешни во обидите да напредуваат во Лиман, Бахмут, Авдијевка и Маринка, тврдат Украинците.

Слични содржини