283
Украинските разузнавачки служби се во комуникација со заробените борци од фабриката за челик „Азовстал“, а Киев прави се што може за да обезбеди нивно ослободување, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски.
„Преку разузнавачките служби имаме податоци за условите на притворот, храната и можноста за нивно ослободување“, изјави Монастирски во петокот на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Украинската разузнавачка служба истакнува дека располага со податоци за условите на притвор, храната и можноста за ослободување на затворениците.