СЗО за израелскиот упад во болницата во Газа: „Изгубивме контакт со медицинскиот персонал“

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека организацијата изгубила контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал Шифа во Газа, откако израелските сили започнале „целна операција“ внатре во установата.

„Извештаите за воениот упад во болницата Ал Шифа се многу загрижувачки“, напиша на социјалните мрежи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Повторно изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата. Исклучително сме загрижени за нивната безбедност и безбедноста на пациентите“, додаде тој.

Слични содржини