Киев: Во неделата се водеа тешки борби на североистокот

од Stefanija Kuzmanovska

Висок украински функционер наведе дека во неделата се воделе тешки борби во североисточниот дел на земјата, велејќи дека украинските сили ги држат своите борбени линии и успешни напредуваат на некои места.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша неделата како „добар и моќен ден“ на фронтот, особено на линијата на конфликтот кај Бахмут, каде што украинските сили, наводно, ги враќаат областите преземени од Русите во мај.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили се обиделе да ги потиснат украинските трупи од „напредните позиции“ на североисток, кои руските сили ги зазедоа на почетокот на конфликтот со Украина во февруари 2022 година, но што украинските сили подоцна повторно ги презедоа.

Во исто време, руската армија објави дека ги запрела нападите на украинските сили на североисток.

Слични содржини