Киеза: Тешко е да се добие минутажа во Ливерпул, но сакам да се докажам

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Напаѓачот на Ливерпул, Федерико Киеза е амбициозен да направи успешна кариера на „Енфилд“. Вчера го забележа првиот целосен натпревар од минатото лето. Италијанскиот интернационалец беше стартер во поразот од 2-3 против ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите. Киеза беше поврзуван со враќање во Италија овој јануари, но тој претпочита да бара четири трофеи со неговиот сегашен тим.

„Откако пристигнав во Ливерпул сакав да се докажам. Не успеав од многу причини. Да играм 90 минути долго време беше одлично бидејќи тоа ми требаше. Има простор за напредок“, изјави тој за клупската телевизија.

„Имаме одличен тим и тешко е да се добие минутажа овде, но тоа е нормално. Сакам да бидам тука, сакам да играм за Ливерпул. Ќе бидам подготвен за следната можност што ќе ми се укаже“, додаде тој.

Слични содржини