Кифли со сланина

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Тесто:

– 1 јајце

– 200 мл топла вода

– 200 мл млеко

– 25 гр путер

– 1 квасец

– 2 лажички сол

– 1 лажичка шеќер

– 750 гр брашно

– 1 главица кромид

– 1 китка магдонос

Полнење:

– 350 гр сланина

– 1 жолчка од јајце

– 1 лажичка павлака

– ким, сусам, ленено семе…

Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на малку маслиново масло и оставете го на страна да се излади. Измијте го и ситно исечкајте го магдоносот.

Замесете тесто од квасец, млеко, вода и останатите состојки. Во тестото додадете го подготвениот магдонос и кромид и оставете го да нарасне.

Тестото поделете го на три дела, секој дел расукајте го во круг и исечете го на осум триаголници. На секој триаголник ставете тенко исечена сланина и свиткајте.

Кифличките премачкајте ги со изматена жолчка со малку павлака и посипете ги со ким, лен, сусам…

Се печат во загреана рерна на 200 степени додека не добијат убава боја.

Слични содржини