Состојки:
– 350 мл млеко
– 2 лажици шеќер
– 1 кесичка квасец
– 1 лажица сол
– 600 гр брашно
– 1 белка од јајце
– 50 мл масло
За премачкување:
– 1 жолчка, малку млеко
– сусам за посипување
Подготовка:
Измешајте го брашното со сите суви состојки. Загрејте го млекото, а потоа додадете го маслото и белките и мешајте додека сè убаво не се соедини. Оставете на топло место да се удвои во волумен.
Подгответе плех обложен со хартија за печење. Тестото ставете го на набрашнета површина и кратко замесете го, па исечете го на 12 еднакви делови.
Секој дел формирајте го во топка и покријте го со кујнска крпа. Оставете го да отстои 10 минути. Потоа секое топче развлечете го, па завиткајте ги кифлите и ставете ги на плех да отстојат уште 15 минути.
Секоја кифла премачкајте ја со мешавина од жолчка и млеко, посипете ја со сусам и печете во рерна загреана на 200 степени околу 25 минути.