304
Американскиот актер Кијано Ривс е миленик на холивудската публика, како поради неговата хуманитарна работа и вистинските човечки квалитети што ги покажува насекаде, така и поради скромниот начин на живот.
И покрај трагичните ситуации што ги доживеа, актерот е секогаш насмеан.
Овој пат, тој повторно ги воодушеви обожавателите во Берлин, каде го снима четвртото продолжение на филмот „Џон Вик“. Вниманието го привлече со својот необичен и интересен уличен стил, кога се прошета во лежерно издание за време на паузата од снимање, и сите ги забележаа неговите шноли што ги носеше во косата.
Актерот одлично се снајде, а фановите му аплаудираа на изданието, коментирајќи колку е сладок.