Кијану на Оскарите дојде со мајка му, а сите мислеа дека тоа е неговата девојка

446 прегледи

Омилениот холивудски актер Кијану Ривс на овогодинешните доделувања на Оскарите ја понесе својата мајка, Патриција Тејлор.

Но, иако со тој потег заработи дополнителни симпатии од јавноста, предизвика и конфузија.

Имено, во описот на нивната фотографија од црвениот тепих на агенцијата Getty Images неговата мајка ја замениле со неговата девојка, 47-годишната уметница Александра Грант.

https://www.instagram.com/p/B8XtUj8ACaI/

Доколку случајно пропуштивте, при крајот на минатата година Кијану за прв пат по 35 години се прошета на црвениот тепих со девојка која и тогаш, поради нејзината седа коса, многумина ја заменија за многу постарата актерка Хелен Мирен, а сега и за неговата мајка.

https://www.instagram.com/p/B4gkHMvnDup/

Многу обожаватели и во двата наврати застанаа во одбрана на актерот, истакнувајќи дека е вистинско освежување што Кијану е во врска со некој близок до својата возраст, за разилка од повеќето холивудски ѕвезди.

Слични содржини