Килијан Марфи отворено: Актерите се преплатени

од Nikola Popovski
284 прегледи

Актерот Килијан Марфи го освои светот со улогата на „таткото на атомската бомба“ во филмот „Опенхајмер“.

Тој неодамна изјави дека се срами што е преплатен како актер.

-Многу сум среќен, но понекогаш се срамам затоа што сум само актер, рекол Марфи, а потоа додал:

Има лекари и медицински работници кои работат исто толку добро. Цело време се борам со овие мисли. Актерите се преплатени. Дали сте свесни за тоа?

Тој изјавил дека е убаво кога имаш пари и кога си млад.

Но, тогаш во мене се буди чувство на вина. Се ќе тргне наопаку, не го заслужувам ова , вели Марфи во интервју.

И покрај тоа што е најголема филмска ѕвезда во моментов, тој не ужива да биде во центарот на вниманието.

Среќен сум поради тоа што го работам, но не ми се допаѓаат сите тие силни појавувања во медиумите како ток-шоуа, заклучил актерот, нагласувајќи дека е свесен за својата привилегирана положба.

Слични содржини